Жена изгоре во пожар во куќа во Кумановско

Синоќа околу 20:40 часот било пријавено дека во с.Доброшане, на место викано „Студена вода“, во куќата сопственост на М.Л.(71) избувнал пожар, при што куќата целосно изгорела.

Како што информира полицијата од здобиените повреди при пожарот, М.Л. починала.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.