Жан Митрев Клиник доби државна акредитација за квалитет

Zan Mitrev Clinic ја доби државната акредитација за квалитет од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи. Директорот на Агенцијата, Анте Поповски, му го предаде уверението за стекнатиот степен на акредитација на директорот на клиниката, доктор Жан Митрев.

Тој потенцира дека ова е уште еден доказ дека целата работа се движела по вистински пат и дека по 18 години постоење, претставува пример за сите други институции за тоа како се следат светските стандарди во квалитет паралено со домашните.

– После толку години мене ми е посебно мило што државните институции ни даваат едно вакво признание.  Сите тие стандарди кои се до сега направени, ги правевме во интерес на подобриот исход за пациентите, побезбедно да ги поминат сите тие процедури бидејќи свесни сме за комплексноста на медицинскиот систем воопшто и за сите можни грешки што можат да настанат- изјави доктор Митрев.