Ејми Шумер со шега ја најави бременоста

САД- Комичарката Ејми Шумер ја објави веста дека очекува бебе на најоригиналниот можен начин. Сподели слика во својот профил на Инстаграм со која откри дека е бремена со своето прво дете. Ејми сподели слика на Меган Маркл и принцот Хари од нивната последна посета на Австралија, каде што бремената војвотка на Сасекс ја има ставено раката на нејзиниот стомак.

Актерката го постави нејзиното лице и на нејзиниот сопруг на местото на Меган и Хари, со што официјално ја потврди веста дека тие се уште една ѕвездена двојка во очекување на бебе.

Ејми и нејзиниот партнер, Крис Фишер се заедно од крајот на 2017.