ЕУ со подршка за подобри даночни услуги

Собирање на даноците, воспоставување електронски услуги, зајакнување на борбата против даночната измама и даночното затајување, како и хармонизирање на правната рамка со стандардите на ЕУ, се предизвиците што стојат пред Македонија. Ова го порача евроамбасадорот Самоел Жбогар на денешната промоција на помошта од ЕУ во Управата за јавни приходи.

Главните реформи, според него, во натамошниот систем треба како главна цел да имаат поедноставување на даночните процедури и зголемување на јавната доверба во транспареноста и ефикасноста на даночната управа.

Во последните три години ЕУ има финансирано 1,5 милиони евра во седум проекти преку кои е овозможено јакнење на квалитетот на даночните услуги преку воспоставување методи и алатки за ефективно информирање и комуникација, како и градење на капацитетите на УЈП за подобрување на квалитетот на даночнтие услуги и соработката помеѓу даночните обврзници и Управата.

Жбогар увери дека ЕУ ќе продолжи да ги поддржува реформите во овој сектор и оти во рамки на ИПА 2 се планирани 6,4 милиони евра.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, рече дека со поддршка од ЕУ е воспоставен контакт центар, вградени се добри даночни практики, обезбеден е поголем пристап во даночните услуги во најмалите места.

Од денеска, најави, даночните обврзници ќе имаат пристап до новата специјализирана веб страна и двете нови услуги на УЈП преку кои секоја заинтересирана странка има можност електронски да закаже средба со даночен агент во време кое нему му одговара.

Појасни дека до мај ова ќе биде на доброволна основа, а од 1 мај 2018 годна задолжителна, доколку странката има потреба да оствари средба со даночните служби во регионалната дирекција Скопје, а од 2019 година услугата ќе биде достапна и за закажување средба и во другите даночни канцеларии на УЈП.

Информа е нова услуга преку која овозможуваме на даночните обврзници да вршат онлајн пребарување и да имаат брз и лесен пристап до општи даночни информации поврзани со постапките на оданочување, пријавување и плаќање данокот.

Според министерот за финансии, Драган Тевдовски, важно е услугите на УЈП да бидат поблиски до граѓаните, а од друга страна важно е дека Управата е една од најважните алки во општеството, бидејќи го врши прибирањето на даноци, а само со приходи може да се обезбеди финансирање на клучните столбови: образование, здравство, инфрастурктури и се она што значи јавни добра.

– Тоа се пари што се собираат од граѓаните и фирмите и потоа завршуваат кај граѓаните. Заради тоа е потребно да се обезбеди висок квалитет на услуги, истакна Тевдовски.

Посочи дека веќе се направени чекори кон поедноставуање на постапките за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход од страна на фирмите и граѓаните и нови кориснички ориентирани даночни услуги, што треба да бидат достапни од 2018 и 2019 година, како со претпополнување на годишната даночна пријава