Еурофарм Работник доживеа пораз од Хановер на домашен терен во ЕХФ Купот

Ракометарите на Еурофарм Работник со пораз ги завршија настапите пред својата публика која вечерва во Битола спортски го поздрави подобриот тим на Хановер од Германија.

Гостите во текот на целиот натпревар беа подобри, на моменти водеа и со 13 голови разлика, а на крајот од средбата презентираа и ракометни мајстории.

Најефикасен на натпреварот беше шпанскиот интернационалец во Гарсија Угалде кој за тимот на Хановер постигна девет голови, додека во домашниот тим се истакна македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски кој постигна седум гола.

Во последното коло, следниот викенд Еурофарм Работник му гостува на Татабања во Унгарија со што ги завршува натпреварите на европската сцена во оваа ракометна сезона на ЕХФ купот.