Естрадата на плажа: Одмор, селфи и мода

Естрадата во лето, кога не е на сцена, ќе ја најдете на плажа. Заради одмор, уживање, сеир, да ја покаже топ-формата или да се пофали со модните парчиња. Порано тоа беше приватно патување, а сега стана јавно богатство. Повеќето се фалат на социјалните мрежи со фотографии, од ќеф, од инает или зашто сите така прават. Други, пак, сакаат да останат анонимни, да се скријат од јавната сцена во своето интимно царство, сами, со семејството, со пријателите или во друштво на книгата. Подалеку од познати и без мобилни телефони.

Некогаш Охрид беше „ин“ место за одмор. Беше настан да те видат или да видиш во Градиште, плажата кај Лагадин или Трпејца. Сега нашата естрада избира поегзотични локации, често и Грција а и Турција. Охрид сега е алтернатива за продолжен викенд или музички настан. (Л.С.)