Ердоган: Ако дојде нов бран бегалци, нема да можеме сами

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата земја нема да може сама да се избори со нов бран бегалци од Сирија.
„Доколку уследи нов бран бегалци од Сирија, Турција нема да може дама да се избори со тоа“. рече Ердоган.
Наведе дека „изградбата на уште ѕидови со бодликава жица не е начин за спречување на нелегалната миграција“, јави агенцијата Анадолија, а пренесе Хуриет.
Во обраќањето на 6. министерска конференција во рамки на Будимпештанскиот процес за миграции во Истанбул, турскиот претседател рече дека ширум светот има 260 милиони мигранти, повеќе од 68 милиони раселени и 25 милиони бегалци и додаде дека тие бројки од ден во ден се зголемуваат.
Ердоган, повикувајќи се на податоците на ОН, рече дека Турција потрошила повеќе од 37 милијарди долари сопствени национални ресурси за згрижување на бегалците.
Рече дека формулата „безбедна зона“ која ја предложи на почетокот на сириската криза е најпрактичен метод за враќање на бегалците.