ЕП ракомет 2018: Французите ја совладаа Шведска

Ракометарите на Франција ја забележаа првата победа во новоформираната група 1 на Европскиот шампионат што се одржува во Хрватска.

Актуелните светски шампиони вечерва во загрепска ,,Арена“ ја совладаa Шведска со 23:17 (полувреме 13:10).

Седерик Сораиндо со 5 постигнати голови и голманот Жерар кој средбата ја заврши со 19 одбрани, од кои дури 13 во првиот дел, беа предводници на ,,триколорите“ во оваа победа.

Вториот натпревар од денешната програма во групата меѓу Хрватска и Норвешка е во тек.

Франција е првопласирана на табелата со 6 бода пред Шведска и Хрватска кои имаат по 4, Норвешка има 2, а Белорусија и Србија се без освоен бод.