ЕП ракомет 2018: Словенија ја изненади Шпанија во корист на Македонија

Ракометарите на Словенија ја совлада Шпанија во меч од новоформираната група 2 на Европскиот шампионат, што се одржува во Хрватска.

Словенците вечерва во вараждинската „Арена” ја победија Шпанија со 31:26, полувреме 13:12, со што и отворија дополнителна шанса на Македонија за место во полуфиналето.

Гаспер Маргуч постигна пети голови, а Мачковчек и Благотиншек по четири за првата победа на Словенците во оваа група.

Сега Словенија има три бода, исто колку и селекцијата на Македонија, на делба на четвртото и петото место. Лидер е Данска со шест пред Шпанија и Германија кои имаат по четири, додека последно пласираната Чешка им два бода.

Вечерва, во оваа група, репрезентацијата на Македонија ќе го одигра мечот против Чешка во кој црвено-жолтите ќе атакуваат на победа, со кој ќе го оддржат шансите за пласман на првите две позиции, а со тоа и место во полуфиналето на Шампионатот.

Дуелот Македонија – Чешка започнува од 20 часот и 30 минути.