ЕПП ќе разгледува исклучување или суспензија на партијата на Орбан

Унгарија – Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ќе отпатува за Брисел каде ќе присуствува на состанокот на Европската народна партија (ЕПП), на кој ќе се расправа дали неговата партија Фидес ќе биде исклучена или суспендирана од тој главен сојуз на десничарските партии во Европскиот парламент.

Од вкупно 49 полноправни членки на Европската народна партија, 13 се залагаат за отстранување на Фидес, по неколкугодишните недоразбирања и конфликти.

Некои членови сметаат дека Орбан премногу се оддалечил од демохристијанските вредности на тој сојуз.

Манфред Вебер, кандидатот на ЕПП за функцијата претседател на Европската комисија, го повика Орбан да исполни одредени услови за да остане во сојузот, како што е прекин на кампањата против ЕУ.