Емерсон Мнангагва ќе ја преземе должноста претседател на Зимбабве

Поранешниот потпретседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва денеска треба да положи заклетва на должноста шеф на државата, со што ќе го наследи Роберт Мугабе, кој се земјата управуваше 37 години.

Мугабе (93) во вторникот официјално поднесе оставка, по интервенцијата на армијата, при коа тојј беше ставен во домашен притвор.

Мнангагва е поранешен близок соработник Мугабе, но досегашниот претседател на почетокот на месецов го разреши од функцијата потпретседател под обвинение за „нелојалност“, откако влезе во отворен конфликт со неговата сопруга Грејс Мугабе.

Армијата интервенираше по разрешувањето на Мнангагва (73), кој ужива поддршка од армискиот врв.

Граѓаните на Зимбабве масовно ја поддржаа воената интервенција, бидејќи Мугабе, некогашниот херој на борбата за ослободување, стана се понепопуларен поради загрозувањето на човековите права и економската криза во земјата.

Аналитичарите, сепак проценуваат дека Мнангагва нема да биде ништо многу поразличен, бидејќи тој е дел од долгогодишната владејачка структура во земјата.