Ембид: Дојде нашето време

Кошаркарот на Филаделфија сиксерс, Џоел Ембид изјави дека е оптимист и дека неговиот тим е подготвен за големи дела.

Филаделфија во првата рунда на плејофот води против Мајами хит со 3:1 и имаат шанса да се изборат за место во полуфиналето на Источната конференција.

– Многумина велат дека не чека добра иднина, но јас верувам дека дојде нашето време. Имаме посебен тим со многу одлични играчи. Мислам дека не ни е потребен кој било друг. Мораме само да работиме со она што го имаме. Имаме добри шанси да оствариме успех, истакна Ембид.

Тој е еден од најдобрите играчи на Сиксерс и оваа сезона има учинок од 22,9 поени, 11 скокови и 1,8 блокади по натпревар.

Филаделфија во сезоната 2000/2001 во големото финале на НБА беше поразена од Лос Анџелес со 4:1, а потоа само двапати успеа да го помине првиот круг од плејофот.