Елен Помпео е најплатената актерка на ТВ: Ние жените ретко се поддржуваме кога сме на врвот

САД – На крајот од 2017 година Елен Помпео (48) потпиша нов годишен договор вреден 20 милиони долари, кој не само што ќе ја задржи во серискиот филм „Вовед во анатомија“ во текот на 16. сезона, туку ќе ја направи и најплатената актерка на телевизиските екрани. Но, за секоја жена што ја пресретнала на улица и што ѝ ја дала заслужената поддршка, Помпео исто така беше обвинета и за заминувањето на Сара Дру и Џесика Кепшо на крајот на 14. сезона.

За време на неодамнешна фотосесија, „ЕВ“ ја праша Помпео за преговорите за нејзиниот договор и каков вид одговор таа добила од другите жени.

„Жените ми приоѓаа на улица расплакани, што навистина е интересно бидејќи ние жените навистина не сме навикнати да сме упорни и да го бараме тоа што го сакаме, да го бараме тоа што го заслужуваме, или да го кажеме тоа што го мислиме. Во мојот пример, јас сум многу среќна кога всушност гледам како моето присуство директно влијае на парите што ги прави шоуто. Така што јас бев во мошне уникатна позиција да можам да разговарам за тоа. Мило ми е што го направив тоа и навистина ми е драго што разговорот беше примен на начинот на кој беше примен, но сè уште имаме навистина долг пат да изодиме за почит кон жените што ги поддржуваат жените. Мислам дека е уште ретко да видите жени што ги поддржуваат жените кога сте на врвот – вели Помпео.