ЕЛЕМ станува ЕСМ, Македонска пошта – станува Пошта на Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го разгледа и усвои  Извештајот на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба со Република Грција, според кој новиот назив на АД  Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе биде АД Медиумска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА).

Новиот назив на АД Електрани на Македонија – ЕЛЕМ ќе гласи АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), и новиот назив на АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ во државна сопственост – Скопје, ќе гласи АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост Скопје.