Експлозивна направа фрлена во двор од куќа во Ѓорче Петров

Непознат сторител ноќеска 40 минути по полноќ фрлил експлозивна направа во двор од куќа во скопската населба Ѓорче Петров, во сопственост на 43-годишниот Д.С.

МВР соопшти дека нема повредени, но од експлозијата е предизвикано оштетување на куќата и на две патнички возила – „мерцедес“ и „шкода фабија“ кои биле паркирани во дворот.

Според полицијата, најверојатно се работи за кашикара. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.