Експериментална електрана во Јужна Кореа го предизвикала разорниот земјотрес

Јужнокорејските власти заклучија дека нивната експериментална геотермална електрана многу веројатно го предизвикала земјотресот со магнитуда 5,4 степени кој на 15 ноември 2017 година го погоди градот Поханг, пишува магазинот „Nature“.

Властите ги објавија своите наоди на 20 март.

Експерименталната геотермална електрана е класична електрана како и секоја друга електрана освен што пареата не се произведува со горење на фосилни и други горива, туку се црпи од земјата. Но, за разлика од конвенционалните геотермални машини кои извлекуваат енергија директно од жешките подземни извори, електраната во Поханг вбризгала течност под висок притисок длабоко во земјата и така постигнала високи температури. Притоа всушност се користела технологиоија позната како напреден геотермален состав.

Но, изгледа дека поради споменатиот притисок настанале низа мали потреси кои на крајот го предизвикале големиот потрес од 2017 година.

Наведениот земјотрес беше вториот најсилен и најразорен земјотрес во современата историја на земјата. Во земјотресот беа повредени 135 лица, а вкупната штета изнесуваше околу 290 милиони долари.

Јужнокорејското министерство за трговија, индустрија и енергетика кое ги обезбеди средставата за експерименталната електран, наведе во соопштениеието дека ги прифаќа наодите и дека „изразуваат длабоко жалење“ кон граѓаните на Поханг чиј имот страдаше во земјотресот.

Министерството наведе дека ќе ја демонтира електраната, ќе го врати градилиштето во првична состојба и ќе вложи околу 225 милиони долари во поправање на инфраструктурата на најтешко погоденото подрачје.

И во другите делови од светот е откриена поврзаност меѓу потресите и геотермалните елекграни, но земјотресот во Поханг беше далеку најсериозен – илјада пати посилен од земјотресот со магнитуда 3,4 кој во 2006 година настана поради електраната во Базел во Швајцарија.