Екологисти и спортисти ја чистеа трим патеката до манастирот „Свети Илија“

Членови на Спортскиот клуб „Југоисток“ и Здружението „Здрава котлина“ ја чистеа трим патеката доманастирот „Свети Илија“ во близина на Струмица.

– Овие акции нема да престанат, но, фрлањето на ѓубре во природата едноставно мора да престане, порачаа спортистите и екологистите.

Отпадот го собраа во 20 вреќи, а долж трим патеката поставија пораки испишани на дрвени табли кои треба да ги потсетуваат несовесните граѓани да не ја загадуваат природата.