(Фото) Ед Ширан триумфираше на наградите „Билборд 2018“

САД- Со пет  награди од 15 номинирани поп-ѕвездата Ед Ширан синоќа триумфираше на наградите „Билборд“ во Лас Вегас. Ширан ги освои наградите Топ музичар, Топ хот 100 музичар, музичар со најпродавани песни, музичар со нај песни на радио, и со топ радио песна „Chape of you“.

Тејлор Свифт од пет номинации, освои две награди: топ-музичар и најпродаван албум „Репутација“. Бруно Марс освои исто така, две награди: топ ар-ен-би музичт и топ ар-ен-би албум „24 магија“. „Ју ту“ освоија награда за турнеја на годината. СЗА ги победи Ријана и Бијонсе во категоријата на топ женски ар-ен-би изведувач.

 

Џенет Џексон е „Билборд икона“

 

САД– Американската пејачка Џенет Џексон доби уште една потврда за својот статус во музичката индустрија синоќа на доделувањето на „Билборд наградите“ во Лас Вегас.

Ја доби наградата „Билборд икона“  како признание за нејзината долгогодишна успешна кариера, а нејзините песни со децении беа на врвот на топ листите.

По тој повод Џенет на церемонијата во Гранд Гарден Арена настапи во живо првпат по девет години.

Меѓу останатите добитници на оваа награда се Принс, Стиви Вондер, Шер, Нил Дајмонд, Селин Дион и Џенифер Лопез.

На престижниот музички настан настап имаа и Деми Ловато, Шон Мендес, Аријана Гранде, Камила кабело и Кеша.