Едно лице загина ноќеска во сообраќајка кај „Раде Кончар“

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска кога патничко возило удри во столб на булеварот „Трета македонска бригада“ кај Раде Кончар.

Полицијата соопшти дека во несреќата загинал З.В. (1966) кој го возел автомобилот „БМВ“, а повредени се М.К (2000) и К.К. (1993).

Несреќата се случила околу 00.50 часот, а по сообраќајката интервенирала и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.