Едно лице загина во сообраќајка во Скопје

Едно лице загинало во една од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во една незгода со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а во пет полесно биле повредени пет лица. Во пет незгоди била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и пет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаци, двајца возачи за неправилно престројување и тројца возачи за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и шест возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило,како и едно нерегистрирано возило. Затекнати биле 72 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 60 возила.