Една владина седница – 27 функционерски столчиња за ДУИ

Дури 27 од директорите и замениците директори што ги именуваше Владата на последната седница се од редовите на ДУИ.
Покрај Лазар Еленовски, кој се смета сега за кадар на ДУИ и кој е именуван за специјален пратеник на Македонија за НАТО во Брисел, директорска позиција доби уште едно познато име од политиката – Рафис Алити. Поранешниот пратеник и потпретседател на парламентот, кој едно време беше директор на Македонски пошти – во времето кога таму избувна пожар, сега ќе раководи со акционерското друштво ГА-МА.

Илми Селами, поранешниот претседател на Антикорупциската комисија и заменик-министер за одбрана, во времето на владеењето на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ, ќе директорува со „Водите на Македонија”, а на некогашниот министер за транспорт и врски и амбасадор Агрон Буџаку му е потврден директорскиот мандат во Центарот за управување со кризи.