Еднаш месечно во Њујорк: Меланија Трамп не може без сестрата и фризерот

САД– Првата дама на САД Меланија Трамп има беспрекорна фризура. Секогаш долга и пуштена и исфенирана. Трамп еднаш месечно го посетува Њујорк за да се сретне со фризерот за да и ја потскрати долгата коса, но и да се види со сестра си. Неодамна, родителите на Меланија добија американско државјанство, јавија американски медиуми. Виктор Кнавс (74) е две години постар од својот зет, додека Амалија е на 73-годишна возраст.

Американската јавност се прашува зар нема добар фризер во Вашингтон и нели првата дама во Белата куќа има посебна соба за разубавување? Дали граѓаните на САД плаќаат дупло?

Меланија има прекрасно тело, успешни естетски операции на лицето,  долги нозе, тенка половина и тонирани раце. Има 47 години и изгледа извонредно и тоа никој не може да го негира. Се разбира, голем дел од заслугите за нејзината форма имаат гените и здравата исхрана.

Првата дама има специјален советник за стил во Белата куќа, кој ја облекува беспрекорно, а она што ќе го избере за службени состаноци, за кратко време станува хит во светот. Модните парчиња се со потпис на американски и европски модни дизајнери и најчесто носат силна порака која предизвикува контраверзи во јавноста.