Еден милион Британци потпишаа петиција за втор референдум за „Брегзит“

Еден милион луѓе се потпишале петиција, која е иницирана од британскиот весник „Индипендент“, за одржување втор референдум за „Брегзит“, пишува весникот.

Петицијата започна пред три месеци откако разговорите помеѓу Лондон и Брисел влегоа во ќор-сокак. Камен на сопнување за излез на Британија од ЕУ беше режимот на контрола на границата меѓу Ирска, која останува членка на евроблокот, и Северна Ирска, која е дел од Велика Британија.

Британската премиерка Тереза ​​Меј веќе ја отфрли можноста за одржување втор референдум. Сепак, премиерката можеби нема да го има последниот збор за ова, ако не постигне договор со ЕУ, кој треба да го одобри Парламентот.