Еден месец родителство: Енрике и Ана ги покажаа близнаците

Енрике Иглезијас и Ана Курникова првпат ги покажаа своите близнаци Николас и Луси. Тие се заедно цели 17 години, а кон крајот на минатата година објавија дека станале родители.

На социјалната мрежа Инстаграм, Енрике и Ана објавија одделни фотографии од нивните наследници, насловени како „Моето сонце“.
Веста за близнаците дојде како изненадување за многумина, главно затоа што никој не ја виде Ана бремена. Во нејзината матична земја, верзијата е дека двојката ја користела службата на сурогат мајка.

Во текот на сите години Иглезијас и Курникова ги чувале своите лични животи во строга тајност, па затоа и информацијата дека се родители беше изненадувачка за светската јавност.

Нивната долгогодишна љубовна врска сега е крунисана и со овие две дечиња.