Еден загинат и петмина повредени во несреќа кај Кратово

Едно лице почина од повредите што ги добило во тешката сообраќајка што се случи утрово на патот меѓу Кратово и Пробиштип, при судир на „рено меган“ со скопски таблички и „фолксваген“ со штипски ознаки. Петмина патници од двете возила биле префрлени во Клиничката болница во Штип, од кои едниот починал. Шестиот повреден бил пренесен во Здравствениот дом Пробиштип. Несреќата се случи околу 10 часот кај местото Жгури. Се истражуваат причините за сообраќајката.