Египет ќе изгради споменик за жртвите од нападот на џамијата во Ариш

Претседателот на Египет Абдел Фатах ас Сиси одлучи да се изгради споменик за жртвите во најголемиот атентат во историјата на земјата, извршен вчера врз џамија во египетскиот град Ариш каде загинаа 305 лица, меѓу кои 27 деца.

Семејствата на загинатите ќе добијат финансиска помош по 11.000 долари.

Досега никој не презеде одговорност за нападот на џамијата.

Според египетското Обвинителство, 25 до 30 лица го извршиле нападот.

За понеделник е закажана вонредна седница на египетскиот Парламент, посветена на атентатот.