Европскиот првак Фенербахче убедлив против Црвена Звезда


Кошаркарите на европскиот првак Фенербахче вечерва остварија убедлива победа над Црвена Звезда во првиот натпревар од 13.коло од Евролигата. Пред повеќе од 10.000 гледачи, Фенербахче ја постигна 9.та победа совладувајќи ја Црвена Звезда со 82:56. Најефикасни на дуелот беа Јан Весели (Фенербахче) и Огњен Добриќ (Црвена Звезда) со по 15 поени.

Македонскиот интернационалец во дресот на Црвена Звезда Перо Антиќ дуелот го заврши со 6 поени.Перо Антиќ го имаше своето прво враќање во Улкер арената по заминувањето од Фенербахче а домашните фанови бурно го поздравија.

На вториот натпревар одигран вечерва Жалгирис – Бамберг 88:84.

Во тек се дуелите: Панатинаикос – Макаби и Реал Мадрид – Валенсија.

Утре се играат другите четири дуели од ова коло: Химки – Анадолу Ефес, Олимпијакос – ЦСКА Москва, Милано – Басконија и Барселона – Уникаха.