Европа го освои „Лејвер купот“

САД – Селекцијата составена од европски тенисери го освои трофејот во „Лејвер купот“, откако го победи тимот на Светот со 13:8. Предноста од пет победи е недостижна па затоа мечевите предвидени за денеска се откажани.

„Лејвер куп“ е ревијално натпреварување на кое настапуваа голем број тениски ѕвезди. Во Чикаго се појавија Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Кевин Андерсон, Џон изнер, Давид Гофан, Александар Зверев,…

– Сакам да оддадам признание на сите играчи кои настапија на ова натпреварување. Ми беше задоволство да сум дел од овој настан, изјави Ѓоковиќ.

Покрај него за тимот на Европа играа и: Федерер, Гофан, Григор Димитров, кајл Едмунд и Жереми Шарди.