Европарламентарци на „точак” во Берово

Берово отсекогаш бил град во кој турзимот е гранка на која секогаш се посветувало огромно внимание, било да се работи за планински, угостителски, рекреативен или бил каков друг вид на туризам кој и носи бенефит на општината. Од таа причина Берово секогаш е атракција за домашните туристи најчесто од главниот град, но во последните една до две децении Берово е идеално место каде доаѓале видни политичари кои скриени од очите на јавноста доаѓале да ги наполнат градите со чист воздух, да прошетаат низ убавата малешевска природа, да ги видат убавините на Беровско Езеро, да пешачат, рекреираат и спортуваат. Кога сме кај последното особено во делот на искористување на прекрасните велопипедски патеки, Берово имаше прилика да го пречека европратеникот Мајкл Крамер човекот за кој возењето велосипед е комбинација од политика, култура, забава, здравје и туризам.

Крамер го пречека домаќинот Звонко Пекевски, градоначалник на Општина Берово. Со Европратеникот Крамер кој е член на Комисијата за транспорт и туризам во Европскиот парламент се разговараше за промовирањето на велосипедскиот туризам. Оваа тема не случајно беше одбрана. “Патеката на железната завеса” е  рута која поминува во дваесет држави од кои 15 членки на Европската Унија, а општина Берово е една од малкуте кои ја имаат чест таа патека да поминува во Република Македонија.

За европратеникот Крамер и патеката е карактеристично е тоа што во рок од пет години, тој успеал да ја помине со велосипед, патеката во должина од 10.000 километри од кои  од 14 до 18 септември поминал низ Димитров Град во Србија, потоа преку Ќустендил и Благоевград во Бугарија за на крај да стигне во Берово.

За време на целото патување во текот на сиве овие пет години Крамер напишал и книга во која на кратко се опишани сите важни дестинации кои тој ги посетил во државите низ кој поминувал.

Како што вели Крамер, за „Патеката на Железната завеса” е карактеристично да се каже дека таа поврзува низа национални и прекугранични заштитени области по текот на поранешната Железна завеса. Истата поврзува споменици, музеи и други градби кои сведочат за историјата на поделена Европа, како и за мирната револуција во Централна и Источна Европа. ИЦТ е најдолгата патека од овој вид во светот и може да помогне во зајакнување на европскиот идентитет преку промоција на неговата богата историска, културна и природна средина.

Дел од „Патеката на Железната завеса“ поминува низ територијата на Македонија. Влегува низ граничниот премин кај Делчево и продолжува преку низински предел кон Пехчево и Берово. Рутата минува низ полиња и ливади и потоа продолжува во општина Струмица, за на крај преку Босилово да премине во општина Ново Село и излезе од Македонија на истоиментиот граничен премин. Патеката на одредени места е стрмна, но минува преку живописни ридови каде што може да се видат прекрасни пејзажи и културни споменици.

Градоначалникот Пекевски истакна голема благодарност што од толку многу места европратеникот одбрал да го посети токму Берово и меѓу другото беше разговарано за заеднички проекти кои би можеле во иднина да се реализираат во развојот на велосипедскиот туризам со подршка од ЕУ Фондовите.

За важноста и за тоа како се гледало на ова превозно средство Крамер со сосем реално гледање на работите. Пред 30 години се мислело дека сиромашните луѓе се возат со велосипеди, а сега како што вели европарламентарецот има комплетно обратна слика, луѓето имаат мерцедеси во гаража, а се возат со велосипеди. Тој исто така истакна дека за 20 отсто секоја година се зголемува велопедскиот туризам и дека негова голема цел е да се изедначуваат разликите меѓу националностите и да се делува на менталниот склоп на луѓето барем еден ден во неделата возењето со автомобил да го заменат со возење со велосипед.

Дека Берово на некој начин ги следи овие трендови што ги напомена Крамер во рамки на неговата посета, покажува и фактот што општина Берово е само една од вкупно седум општини кои се вклучени во одбележувањето на Европската недела на мобилност, а чиј фокус е ставен на комбинираниот начин на превоз.

Европратеникот Крамер е класичен пример за политичар кој велосипедот го користи како превозно средство, исто како и голем број други политичари. Во Македонија се уште политиката значи употреба на автомобил што е една од карактеристиките за оддалеченост од народот, немањето свест и одговорност за животната средина и значаен придонес кон загадувањето.

Посетата на Крамер кој со велосипед направи обиколка на пет европски земји и стигна во Берово можеби ќе биде поттик работите во овој правец да мрднат од мртва точка и можеби токму од Берово да го имаме првиот политичар кој како превозно средство ќе почне да користи велосипед.