Евровизиската песна на „Ај Кју“ ќе биде промовирана вечерва на МРТ

Евровизиската песна „Lost and found“ со која „Ај Кју“ ќе ја претстави Македонија на 63. издание на Евровизија, кое годинава се одржува од 8 до 12 мај во Лисабон, Португалија, првпат премиерно ќе биде прикажана вечерна на Македонската радио телевизија.

Во интервју за „Независен весник“,шефот на прес-службата на македонската евровизиска делегација Александра Јовановска рече дека песната ќе биде промовирана со видеозапис во Дневник 2 на МРТ во 19:30.

– Режисер на видеоспотот е Јован Куциновски. Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата Бојан Трајковски, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Дарко Димитров – рече Јовановска за „Независен весник“.

Целото интервју може да го прочитате тука.