Ева Лонгорија роди син

САД– Актерката Ева Лонгорија го роди првото дете во Лос Анџелес , а со сопругот Хозе, медиумски моќник, синот го крстија Сантјаго Енрике Бастон. Првата фотографија на бебето и мајката ја објави списанието „Хола“.

Сантјаго е роден две години по романтичната свадба на двојката во Мексико. Ова е трет брак на ѕвездата од „Очајни домаќинки“.