Евакуација на Калифорнија поради бура

Бура ја погоди северна Калифорнија, а населението доби наредба за евакуација.
Илјадници луѓе долж надојдената река, добија наредба за евакуација откако снежна бура ја погоди северна Калифорнија, го натопи подрачјето на заливот Сан Франциско, а Сиера Невада ја прекри со снег.
Неколку десетина заедници долж Руска река во подрачјето на Сонома доби наредба за евакуација откако водостојот ја надмина сигурната граница.
Метеоролозите предвидуваат дека водостојот ќе достигне 14 метри, што е највисоко ниво на оваа река во последните 25 години.
Околу 4.000 луѓе добија наредба за евакуација во Гирневил и околината, околу еден час возење северно од Сан Франциско.
Освен можноста за поплавување патишта, надлежните стравуваат и од можност за лизгање на земјиште, посебно во подрачјата кои се оголени од разорните пожари кои ја погодија оваа област во 2017 година, наведе АП.