Дурант казнет со 25.000 долари поради пцуење навивач

Крилото на Голден Стејт, Кевин Дурант беше казнет со 25.000 долари од НБА, а причина за санкцијата е пцовка, која Кеј Ди ја упатил кон фан на Далас Маверикс.

Тоа се случи кон крајот на првата четвртина при поразот од 109:112, кој шампионите го претрпеа против Далас на 17 ноември. Дурант заврши со 32 поена, четири скока, три асистенции и четири грешки за 37 минути.

„Воините“ не се во најдобра форма и имаат пет порази во последните седум сезонски дуели.