Дураки-Галовеј: Можности за продлабочување на соработката во заштитата на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска одржа средба со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Рејчел Галовеј при што размениле информации за досегашната, како што се посочува, добра соработка помеѓу двете земји во областа на заштитата на животната средина.

Како што соопштија од МЖСПП, на средбата се дискутирало и за резултатите од досега реализираните проекти и програми помеѓу двете држави, а биле утврдени и конкретните области каде постои можност за продлабочување на идната соработка.