ДУИ се изјасни: Ќе гласа „За“ на референдумот

Парламентарната група на Демократската унија за интеграција денеска го информира претседателот на Собранието дека ќе земе активно учество со сите свои пратеници на кампањата што парламентот треба да ја води како овластен предлагач на Референдумот што треба да се оддржи на 30. септември годинава.
„Имајќи ги предвид нашите лични определби како пратеници, но и партиските, стратешките и идеолошките определби за интеграција на Македонија во Европската Унија и во НАТО, сите пратеници на ДУИ, со поддршка и на егзекутивната и локалната власт, но и на цивилното општество, ќе води кампања ,,ЗА” Преспанскиот договор и успешна евроатлантска интеграција на нашата земја, затоа што успешен референдум генерира мир, стабилност, сигурност, владеење на правото, еднаквост, економски развој и општествена благосостојба, како и постројување на нашата држава рамо до рамо со големото евроатлантско семејство“, се вели во соопштението.