Дуа Липа главен фаворит за Брит наградите

Во Лондон денеска се доделуваат музичките награди Брит. Фаворити со најмногу номинации се пејачките Дуа липа, Ан Мари и Џес Глин.
Дуа Липа, која минатата година беше прогласена за пејачка на годината, оваа година е номинирана меѓу останатото во категориите за најдобар сингл и видео на годината со песната “One Kiss” и видео клипот “IDGAF”. Ан Мари е номинирана за најдобар сингл со песната  “2002” и за албум на годината со “Speak Your Mind”, додека Џес Глин меѓу другото ќе се натпреварува во категоријата за најдобар сингл со песната “I’ll Be There”.
Сите три музичарки се номинирани во категоријата  за најдобар женски соло изведувач, додека во машка конкуренција се наоѓаат Афекс Твин, Крег Дејвид, Џорџ Езра и Сем Смит.
За британски бенд на годината оваа година во трка се “1975”, Арктик Манкис, Литл Микс и Иарс и Иарс.
Ос транските музичари на списокот номинации се Еминем, Дрејк, Аријана Гранде, Карди Би, Трејвис Скот, како и групите Картерс и Твенти уан Пилотс.
На пејачката Пинк  ќе и биде доделена награда за извонреден музички придонес.
Церемнијата ќе ја води актерот Џек Вајтхол, а свеченоста ќе се пренесува во живо на британската телевизија ITV.
Музичките награди Брит се доделуваат од 1977 година и се еквивалент на американските Греми. Ги доделува Британската фонографска индустрија, која претставува здружение на британската музичка индустрија.
Брит наградата први ја освоија легендарните Битлси, а меѓу добитниците се и Принс, Ени Ленокс, Роби Вилијанмс, Адел, Стинг, Питер Габриел, Дејвид Боуви и Мајкл Џексон.