Државен правобранител предложен за Уставен судија

Насер Ајдари, државен правобранител на Македонија е предложен за нов член на Уставниот суд.

Тој предлог требаше денеска да го одобри собраниската комисија за избори и именувања пред да оди на пленарна седница во парламентот, ама точката беше тргната од дневен ред поради немање кворум.

Според информациите, Ајдари во 2013 година за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бил назначен за Државен правобранител. Со неговиот избор би се комплетирал Уставниот суд каде сега е испразнето само местото на Исмаил Дарлиште.

Од дневен ред на денешната седница на Комисијата за избори и именувања беше тргната и точката за избор на двајца нови членови на Советот на јавни обвинители. за нови членови на Советот се предложени адвокатите Ангел Солев (поранешен судија) и Ангеле Илиевски (кој беше во одбраната на Зоран Верушевски за случајот „Пуч“.
А.М.М.