Дрвокрадци нападнале полицајци

Полициски службеници затекнала три лица како транспортираат бесправно исечени огревни дрва вчера во атарот на село Дворци. Откако продолжиле кон селото Пеглово, полицајците биле пресретнати од група граѓани. Еден од полицајците бил нападнат притоа.

Како што информира МВР, вчера од страна на полициски службеници околу 21:30 часот на место викано „Стрмол“ во атар на село Дворци, затеканти се А.М., Н.Н. и Е.Ф., со трактор како транспортираат бесправно исечени огревни дрва. Откако полициските службеници продолжиле да се движат кон село Пеглово, од страна на група граѓани им било попречено движењето, а во еден момент нападнат е и еден полициски службеник. Две лица се приведени и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.