Драстична промена: Ирина Шајк ја скрати долгата коса и ја осветли

Италија- Руската топ-манекенка Ирина Шајк ја претстави својата нова фризура во Милано на Неделата на машка мода и со тоа го потврди водечкиот тренд за оваа сезона.

Класичниот боб со должина до брадата е фризура на која последните неколку месеци се одлучија бројни славни дами, вклучувајќи ги и Мила Кунис и Емилија Кларк.

Покрај класичниот боб, Ирина направила и шишки и ја осветлила својата чоколадна боја на коса. Од почетокот на кариерата Ирина носи долга коса.

Иако сите биле изненадени од новиот стил, манекенката не можела да прошета незабележано во Милано. Шајк носела елегантно црно одело и сандали на брендот “Dsquared” под кое не носела градник и со тоа уште еднаш докажала дека станува збор за најмоќното модно парче на сезоната.

Манекенката на ревијата на „ Dsquared” се појави во друштво на менаџерот Али Кавуси  додека нејзиниот партнер, актерот Бредли Купер  останал дома да ја чува ќерката Леа.