Доцни изборот за претставник на Венециско биенале на уметноста

За учество на Венециско биенале на уметноста 2019 година, стручната комисијата формирана од Министерството за култура сè уште работи на проверка и оценување на апликантите.

– Имаме многу добри кандидати годинава, по анализите на комисијата ќе донесеме конечна одлука со што достоинствено ќе се претставиме во Венеција – рече Адеми.
Министерството за култура на 26 октомври годинава го објави конкурсот за финансирање на проект од национален интерес во културата за учество на Македонија на 58. Биенале на уметноста во Венеција.
Право на учество на конкурсот имаа физички и правни лица со проекти/изложби како самостоен автор или група автори.