Дополнителни проблеми за Реал Мадрид: Варан се повреди

Фудбалерот на Реал Мадрид, Рафаел Варан се повреди викендов на „Ел Класико“ и предвреме го напушти натпреварот против Барселона.

Реал соопшти дека по денешните детални прегледи било утврдено дека станува збор за потешка повреда на мускулите на десната нога.

За мадридскиот клуб ова е дополнителен проблем откако тренерот Хулен Лопетеги доби отказ по дебаклот против Барселона од 5:1.

Засега не е познато колкав период ќе отсуствува Варан.