Дополнителни билети за концертот на Чола во Скопје

Од денес во продажба ќе бидат пуштени дополнителни билети за блоковите 1 и 15 во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје за концертот на регионалната ѕвезда Здравко Чолиќ на 10 ноември. Речиси е распродаден концертот, во организација на  „Прагма продукција“.

По четири години од последниот концерт во Скопје, верната публика со нетрпение го очекува својот миленик, за да ужива во неговите безвременски и нвпесни и дружење со исклучително харизматичниот Чола.