Дончиќ за НБА: Ќе видиме по крајот на сезоната

Лука Дончиќ, кој се споменува за потенцијален бр.1 на НБА драфтот, не сакаше да каже дали ќе игра во Лигата следната сезона.
Бекот на репрезентацијата на Словенија и Реал Мадрид сигурно ќе се најде на врвните позиции, и многу експерти го посочуваат како можен прв избор.
– Ќе видиме што ќе се случи кога ќе заврши сезоната. Тогаш сите ќе знаеме повеќе, изјави 19-годишниот Словенец пред средбата на Реал Мадрид со Црвена ѕвезда во Белград.
Дончиќ игра неверојатно во Европа оваа сезона и во 25 натпревари во најсилниот турнир на континентот има 16,8 поени, 4,8 скока и 4,6 асистенции. Реал е на врвот во пласманот во Евролига.