Домот на Арета Френклин во Детроит продаден за 300 илјади долари

САД– Домот на Арета Френклин во Детроит е продаден за 300 илјади долари. Купувачот е непознат. Куќата изградена во 1927 година Френклин ја купила во 1993 година. Има пет спални, шест бањи, три камина и три гаражи.

Се продава за 800 илјади долари уште еден дом на легендата на соул музиката, надвор од Детроит , во кој живеела последниве дваесет години.

Френклин почина летово од рак, и не остави тестамент.  Досега продала над 70 милиони албуми ширум светот и освоила 18 Греми награди.