Добротворен хакатон кој ќе обедини дизајнери, програмери и софтвер тестери

На 22 и 23 септември ќе се одржи добротворниот хакатон „KindHack“, на кој може да учествуваат невладини организации и институции од Скопје и пошироко, кои имаат идеја за проект за кој им е потребнo ИТ познавање.

„Хакатонот е одлична можност за сите заинтересирани дизајнери, програмери и софтвер тестери да се соберат на едно место и да создадат креативни софтверски решенија, со цел олеснување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат невладините организации. Сите учесници се поделени во тимови од четири до шест луѓе и имаат 48 часа да го решат дадениот предизвик“, информираат од Симфони Солушнс.

Можност за аплицирање имаат невладините организации кои се занимаваат со социјални прашања, екологија, образование, рурален развој.

Организациите кои ќе аплицираат и ќе бидат избрани да учествуваат, ќе мора да достават детален проект- план, пред почетокот на хакатонот. Потребно е да испратат краток опис за својата организација и посакуваното софтверско решение на следниот ЛИНК.

Рокот за аплицирање е до 10 август, а селекцијата на проекти за развивање на софтверско решение, доставени од невладините организации трае до 20 август. До вториот рок може да аплицираат сите заинтересирани дизајнери, програмери и софтвер тестери на хакатонот ќе биде отворен до 20 август.