Добил отказ и застрелал пет луѓе

Гери Мартин (45), работник во индустрискиот комплекс на фабриката „Хенри Прат“, во градот Аурора во американската држава Илиноис откако добил отказ убил пет луѓе и ранил шест, од кои петмина биле полицајци. Тој отворил оган во индустриската зграда во која што и работел, а добил отказ пред два дена по 15 години работа.

„Напаѓачот е убиен, соопшти шефицата на локалната полиција Кристен Зиман. Таа информираше дека престрелката траела 90 минути, пред напаѓачот да биде заобиколен од полицијата во една од просториите на фабриката, каде што бил и убиен.