„ДНК“ со тројна промоција: нова песна, ’The best off’ и ДВД од ланскиот концерт

Двоецот од „ДНК“ Панчо и Андреј најавуваат во понеделник тројна промоција,  по 16 години присуство на домашната музичка сцена. Во 20, 30 часот во хотел „Парк“ ќе промовираат нови песна и спот за „Дијамант“ , потпишан од Панчо и Лазар Цветкоски, нов студиски материјал ’The best off’ и ДВД од концертот одржан лани во Метрополис арената во Скопје, а по повод нивниот јубилеен роденден – 15 години ДНК.

Дел од албумот „The best off“ се 22 веќе чуени теми, меѓу кои „Авион“, „Стојам сам“, „Невозможна мисија“, „Пази се од мене“, „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“, „Навлечен на тебе“, „Она е од Шутка“…, и „Дијамант“ како бонус трака.