Дневен хороскоп: Овенот го очекува работа, Девицата ќе сврти нов лист

ОВЕН: Иако е викенд, ве очекува почеток на некоја работа, комерцијална трансакција или вработување. Конструктивно ги користите своите креативни таленти и ја изразувате својата умешност при работата. На конвенционален начин го претставувате необичното и вредностите.

БИК: Одолговлекувања и нерешителност – самозалажување и немоќ да се реализираат желбите до крај. Сепак добро ќе биде да истапите, да ги покажете своите таленти и да го откриете она што го потиснувате некое време. Подобро е да се обидете, отколку да сте фрустрирани и тажни.

БЛИЗНАЦИ: Работите за да постигнете основа за нова структура. Сепак, не се вложувајте пребрзо и необмислено во непознатото. Сакате да постигнете стабилност и сега ги имате потребните соработници, со кои може да го постигнете саканото. Суптилни знаци за дејствување.

РАК: Со Сонцето во вашиот знак наоѓате ново значење во животот, разгледувајќи ги старите ситуации низ нова призма и сега сѐ добива смисла. Знаете зошто работите се случуваат како што се случуваат и пронаоѓате сила да продолжите понатаму, користејќи ја својата мудрост.

ЛАВ: Неочекувани работи се случуваат кои ќе ве натераат да ги погледнете работите од друга перспектива. Сега сѐ добива смисла и имате чувство дека никогаш и не сте се изгубиле од својот пат. После сѐ што научивте, со јаснотија ја гледате својата иднина и знаете каде да се упатите.

ДЕВИЦА: Не им се препуштајте на застарените навики, туку бидете отворени за ефективна промена. Бидете добри кон себе и така ќе бидете добри и за другите. Не се предавајте, бидете посветени и умерени. Слушајте ја својата интуиција и на тој начин ќе го најдете вашиот правец.

ВАГА: Не си дозволувајте да бидете горделиви и арогантни, бидејќи тоа ќе ви смета да напредувате. Ако не ја искористивте шансата да реагирате, почекајте малку и ќе се појави нова. Дотогаш е добро да ги преиспитате своите мотиви и да не стремите кон лажен престиж и суета.

СКОРПИЈА: Пред вас се важни животни прашања, за кои ќе треба да бидете внимателни при средбата со другите. Сега е добро да истражувате и собирате информации, но не и да ги споделувате со сите. Имате голем апетит за сите работи поврзани со логика и резонирање.

СТРЕЛЕЦ: Сега сте среќни и волни да нурнете подлабоко во своето битие, каде што ќе ги откриете своите најдлабоки потреби и најмоќни ресурси. Добро истражете ги сите видови на партнерства, бидејќи пред вас претстои обемна работа. Имате сила да истраете во сѐ. Трпение.

ЈАРЕЦ: Уште малку и вам ќе почне да ви зазорува – тешкотиите се повлекуваат, а вие се здобивате со духовна трансформација и мудрост. Жртвувавте многу и со тоа дојдовте до големи сознанија. Во целиот хаос се крие никулец на победа – бидете трпеливи и времето ќе реши сѐ.

ВОДОЛИЈА: Соочување со груба сила – аспектите укажуваат дека блокади постојат, но и тие му помагаат на вашиот прогрес. Можеби ви се чини дека сте немоќни сега, но далеку сте од вистината – сѐ што ви треба е само трпение и чекање. Растењето никогаш не било удобно. Мир.

РИБИ: Отворени и спонтани, денес е добро да внимавате на комуникацијата. Имате добро чувство на внатрешна среќа, но треба да знаете дека не треба да се потпирате само на себе си. Побарајте помош и знајте дека така ќе постапите правилно. Не брзајте никаде. Ноншалантност.

Ирена Танчева
АСТРОЛАБ
tancevai@yahoo.com