Антикорупциска ќе ги истражува дивоградбите на Матка

Државната комисија за спречување на корупцијата реши да спроведе истрага за сомнежите во јавноста за случајот „Матка“, а ќе проверуваат дали има злоупотреба и незаконско постапување во Општина Сарај.
Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК објасни дека се работи за вработување на два правници во АМВУ за кои ќе се бара целосна документација, а документи ќе треба да обезбеди и Општина Сарај за случајот „Матка“.
ДКСК отвори предмет и за две вработувања во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни и медиумски услуги што се случиле во изборен процес.
Што се однесува за случаите за непотизам, на денешната седница се истакна дека два случаи се затворени, за ќерката на пратеничката Емилија Александрова каде се заклучило дека таа ниту конкурирала ниту се вработила во Фондот за иновации, и за сопругата на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, за која се утврдило дека работела во училиштето и пред нејзиниот сопруг да стане градоначалник.