Ди Франческо: Не можеме да го смениме системот поради Салах

Тренерот на Рома Еузебио ди Франческо, пред реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул ги предупреди неговите фудбалери дека не смеат да му го посветат целото внимание на Мохамед Салах.

Египетскиот фудбалер оваа сезона постигна 43 гола, а на првиот полуфинален натпревар два пати беше прецизен и му помогна на Ливерпул да дојде до победа од 5:2.

– Не можам да го сменам целиот систем само поради еден играч, кој се истакна на првиот натпревар. Ниту пак е возможно сите играчи да внимаваат на Салах. Мораме повеќе да работиме на нашата игра и подобро да го читаме нашиот ривал, а не сите да се посветиме само на Салах, истакна Ди Франческо.

Реванш полуфиналниот натпревар меѓу Рома и Ливерпул се игра вечерва во Рим.